Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ денеска на свечен начин ќе го одбележи почетокот на првата фаза од проектот „Рехабилитација  на  пумпните станици Охрид -Исток“.

Осум нови пумпни агрегати ќе бидат пуштени во употреба со цел да се обезбеди поквалитетно напојување на пумпните станици од колекторот со електрична енергија. Електромрежата на колекторскиот систем ќе биде комплетно обновена во текот на идната година кога е планирано да се постават уште девет нови агрегати.

За проектот за рехабилитација на пумпните станици, швајцарската влада одвои 640 .000 евра.

Свеченоста по повод овој голем зафат ќе се одржи денеска во хотелот „Дрим “ во Струга. Претставници на МЈП „Проаква“ ќе зборуваат за значењето на проектот, за ефектите од колекторскиот систем во заштитата на Охридското Езеро од отпадни води, како и за перспективите за развој на системот до 2020 година.

Ohridnews