Локалниот пат кој го поврзува селото Злести со манастирот „Сите Светии“ во село Лешани во иднина ќе биде рехабилитиран и обновен. За таа цел надлежните служби во општина Дебрца деновиве објавија Јавен оглас преку кој се бара изведувач на овој инфраструктурен проект.
Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, рехабилитацијата на овој патен правец ќе чини околу 92.000 евра или точно 5.671.100 денари.
Крајниот рок за доставување на понудите по јавниот оглас е 28-ми септември 2015 година.
OhridNews