Околу 15 рурални средини во општините Охрид и Дебрца ќе бидат опфатени со проектот за развој на руралниот туризам.

ОБСЕ им го додели проектот “Јакнење на локалните институции и организации за развој на руралниот туризам. на општините Охрид и Дебрца. Двете општини треба да ги развијат алтернативните форми на туризам и локален економски развој и да ја унапредат меѓуопштинската соработка.

“Проектот треба да имплементира партиципатнивно социо-економско истражување на руралните средини во двете општини, со посебен акценти на недоволно развиените подрачја”, објаснува Мицкоски. Тој додадава дека  посебен интерес на истражувањето во рамките на проектот ќе бидат  можностите за развој на алтернативните форми и давањето услуги во овој сегмент, за што ќе се врши истражување врз руралното население и  развојните трендови.

Ohridnews