“Кампинг туризам” е насловот на новиот проект кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ќе го спроведува заедно со Националните туристички агенции и организации од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

-Целта на проектот во кој директно ќе бидат вклучени сопствениците и менаџерите на камповите од овие земји е подигнување на стандардите во камповите според Европските нормативи, поставување на европската мапа за категоризирани кампови и промоција на Европскиот пазар преку заедничко учество на Меѓународни Саеми за кампинг туризам.-велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија    

Од таму објаснуваат дека активностите кои треба да следуваат во проектот, биле дефинирани на првиот регионален состанок кој се одржал во Колашин, Црна Гора.

-Во рамки на проектот во јули, во  Македонија ќе допатуваат двајца експерти од Европската асоцијација на кампери кои лично ќе ги посетат камповите и непосредно ќе се запознаат со состојбата, а воедно ќе им предложат мерки како да ги достигнат европските услови за кампирање.-информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Проектот ќе се реализира во времески рок од една година и е подржан од Германската Техничка соработка – ГТЗ.

OhridNews