Заедничките активности и проекти во 2008 година се тема на средбата на државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Паноски со претставници на ЈНУ Национален парк „Галичица“ што ќе се одржи денеска .

На состанокот како што е најавено, ќе бидат разменети мислења околу планот на активности на паркот и евентуалната подршка од страна на министерството за животна средина.

Проектните активности ќе ги презентира експертски тим на ЈНУ Национален парк „Галичица“.

ohridnews