Со цел да се изнајдат решенија за справување со зачестената појава на вандалско уништување на имотите во детските градинки и училиштата, вчера во општина Охрид се одржа координативен состанок помеѓу претставници на СВР Охрид, претседатели на Урбаните заедници,  директорите на основни училишта и детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

На состанокот било договорено да се зајакнат полициските патроли особено во вечерните часови, во близина на градинките и училиштата, а особено на местата кои се познати како собиралишта на млади луѓе со асоцијални појави. Во тој сегмент било заклучено дека  потребно е да се организираат  и состаноци помеѓу урбаните заедници, полицијата, училиштата и градинките.

Општина Охрид  во рамките на своите надлежности потребно е да вложи напори за подобро осветлување на училиштата и  градинките и поставување на видео надзор. Со тоа ќе се овозможи поголема прегледност во околината на објектите, што е можност за вклучување на граѓаните, кои доколку видат некое незаконско дејство, веднаш да го пријават во полицијата.

Исто така на средбата било заклучено дека потребна е поголема вклученост на јавноста и подигнување на јавната свест на граѓаните за надминување на овој проблем.

OhridNews