Поранешното момче на Ксиаокинг од кина инсистирал таа да носи перика и да се шминка како Џесика Алба. Откако прекинале девојката се спрема да изврши пластична операција со која би се претворила во холивудската актерка. Го сака назад своето момче кое било толку многу опседнато со Алба, што налепило нејзини фотографии по целата куќа.
Ксиаокинг морала да носи шминка и додека спиела. Се чувствувала навредено и ја прекинала врската со него. Сега сфатила дека дека го сака назад. Наводно единствениот проблем во нивната врска било тоа што не личела доволно на актерката. Ја објавила својата приказна на интернет и бара хирург кој ќе ја оперира бесплатно. Една шангајска клиника се одлучила да и помогне.