Од Дебарско-кичевската епархија ги известуваат православните верници дека на 21 мај, четврток, во манастирот „Вознесение Христово“ – Свети Спас во село Горно Лакочереј, ќе биде преосветена манастирската црква и ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По завршувањето на светата литургија ќе биде осветен и новоизградениот конак.

По овој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува своите верници што помасовно да го посетат манастирот.

OhridNews