Државниот завод за статистика ги прави последните подготовки за пописот на трговско-угостителската дејност што ќе го спроведува од 1 до 15 ноември.

Се работи за попис предвиден со програмата за статистички истражувања 2008-2012 година во трговијата на мало и во угостителските објекти“, вели раководителката на Регионалното одделение на Државниот завод за статистика во Охрид, Мирјана Јовческа.  Според неа, за собирањето на податоците се обучуваат 22 лица кои веќе имаат искуство со анкетирање и собирање податоци. 

Попишувачите ќе мора да се идентификуваат, а ќе поседуваат и легитимации, но она што  сакам да го потенцирам е дека податоците кои што ќе ги дадат сопствениците на објектите ќе бидат строго заштитени  и нема да бидат индивидуално објавени никаде” објаснува Јовческа и додава дека податоците ќе се користат во научно-истражувачки цели.

Последниот попис  во трговијата и угостителството е направен во 2003 година.

Регионалното одделение во Охрид ги покрива  и градовите Струга,  Дебар, Кичево и Македонски Брод.

А. Р