Претседателите на САД и Авганистан, Барак Обама и Хамид Карзаи, во Вашингтон најавија дека веќе од пролет американската воена мисија во оваа земја ќе се трансформира во поддржувачка, пренесуваат американските медиуми.

Според овие информации, неколку месеци порано од предвиденото самостојните операции на американските војници ќе бидат прекинати, а со тоа нема веќе да се патролира низ населените места во Авганистан.

Американските сили веќе од оваа пролет, ќе имаат поинаква мисија. Тие ќе се посветат на давањето обуки, советување и помагање на авганистанските сили. Тоа претставува историски момент за земјата.“ – нагласува Обама.

Задоволство од оваа одлука изразил и Карзаи, поради тоа што во населените места нема повеќе да има присуство на странски воени сили. Инаку, во Авганистан во моментов има нешто повеќе од 66 000 американски војници, кои се грижат за безбедноста во овој регион. Според предлозите, за неколку месеци се чека намалување на оваа бројка и повлекување на дел од воените лица.

OhridNews