Успорувачите на брзина, познати како „ Легнати полицајци“ на повеќе улици низ градот се оштетени или целосно се отстранети.
Од локалната самоуправа наведуваат дека делови од нив биле отстранети со цел полесно да минуваат возилата кои фрлале сол низ улиците по интензивните врнежи од снег, но дел биле оштетени и од страна на несовесни граѓани.
Информираат дека нивното санирање и заменување е во тек и дека согласно програмата за работа за 2015 од општинскиот буџет се издвоени средства за нивно обновување.
OhridNews