Попладнево, ќе се изврши порибување на Глобочичко езеро.

Порибувањето ќе се изврши од страна на концесионерот на ова езеро за рекреативен риболов “Клуб на спортски риболовци” Црни Дрим” од Лабуништа.


На чинот ќе присуствува и Државниот инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата, како и претставници на Хидробиолошки завод од Охрид.

Рибниот фонд во езерото ќе се збогати со Охридска пастрмка набавена од Хидробиолошкиот завод.

OhridNews