Општина Охрид објави јавен повик со кој се повикуваат заинтересираните превозници да достават понуди за добивање дозволи за вршење сезонски општински линиски превоз на патници. Со Јавниот Повик понудени се осум пакет-линии, за кои треба да аплицираат заинтересираните превозници.
Целта е да се подобри јавниот превоз на патници на правецот кон Авто- кампот Градиште, на кој се наоѓаат најпосетените плажи и дестинации за туристите и гостите во текот на летните месеци и главната туристичка сезона.
“ Преку честите термини на поаѓање кон крајните одредишта очекуваме да се подобри оваа јавна услуга и да придонесе кон подобрување на амбиентот во туристичката сезона” , велат од Локалната самоуправа.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com