Охридската локална самоуправа во текот на оваа година планира да спроведе активни мерки за подобрување на конкурентноста и услугите во туристичко–угостителскиот сектор. Според Годишната програма за развој на туризмот за 2015 година планирано е да бидат организирани серија обуки за туристичките и угостителските работници од Охрид.

-Преку овие обуки е предвидено да се изврши стручно усовршување на одредени квалификации во однос на видот и начинот на давање на услуги во туристичкиот и угостителскиот сектор како што се приготвување и послужување на храна, бон тон во  угостителството, промоција и маркетинг на услугите и слично. Се очекува со  реализацијата на овие обуки да се подигне квалитетот на сервисот и услугите во туристичко-угостителскиот сектор, пишува во Годишната програма.

Овие обуки ќе бидат организирани во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, како и со други институции кои се специјализирани за оваа област.  Видот и типот на обуките ќе биде согласно потребите утврдени од анкетните истражувања на приватниот сектор кои беа реализирани во 2014 година.

OhridNews