Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека утре, 18-ти април, се организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во реонот на  УЗ.8 „Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во РЕ „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews