Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат граѓаните на Општина Охрид дека утре, 6- ти јуни (сабота) се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 3 и 4, населбите „Кошишта“ , „Воска“ и „Даљан“.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
OhridNews