JП „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре на 20-ти јуни 2015 година ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ.14 „Радојца Новичиќ“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од „Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Согласно годишниот календар за 2015 година, оваа акција е последна акција од пролетниот циклус. Следниот есенски циклус ќе продолжи да се реализира од месец септември 2015 година.

OhridNews