Од Ј.П.„ Охридски Комуналец” информираат дека утре на 12-ти септември 2015 година, ќе се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населбата „Охридати“.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„ Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Согласно испланираниот работен календар за 2015 година, Ј.П.„ Охридски Комуналец” во месеците септември и октомври ќе реализира акции од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе бидат информирани преку средствата за јавно информирање.
OhridNews