Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” информираат дека на 2- ри мај, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 1„ Стар Град“. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Согласно испланираниот работен календар за 2015 година, Ј.П. „ Охридски Комуналец” во месеците мај и јуни ќе ги реализира акциите за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.
OhridNews