Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат граѓаните дека утре, 23- ти мај, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница „Гоце Делчев“, населба „ Бараки“.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „ Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „ Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
OhridNews