Од ЈП „ Охридски Комуналец” информираат дека утре, 19- ти септември, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 8 „ Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „ Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

 OhridNews