Како што е предвидено во нив туристите, уште при самиот влез во градот, ќе може да се информираат за се што им е потребно поврзано со престојот во Охрид- за сместувачките капацитети, ресторани, плажи, културната понуда во градот.
– Планираме да поставиме три информативни центри на влезот во градот кај Косел, Љубаништа и при влезот во градот кога се доаѓа од Скопје. На тој начин, туристите пиејќи кафе ќе може да ги дознаат сите неопходни податоци кои се важни за нивниот престој во Охрид, вели градоначалникот Александар Петрески.
Намера е ваквите инфо- туристички центри да се отворат пред почетокот на идната летна сезона.