Деновиве во Охрид, треба да започне акцијата за отстранување на мините и другите експлозивни направи, кои се наоѓаат на дното од  Охридското Езеро. За таа цел денеска во Охрид се очекува да пристигне специјалната опрема која ќе се користи за демонтирање  и отстранување  на овие експлозивни средства. Заедно со опремата треба да допатуваат и дел од меѓународните  тимови на  експерти кои се специјално обучени за оваа намена.


Покрај експертите од регионот, во оваа акција ќе бидат вклучени и членови на нуркачките клубови од Охрид, чкои ја имаат поминато обуката за деминирање под вода. Планирано е да се работи на  неколку локации во Охридското Езеро, а се очекува да бидат извадени и отстранети експлозивни направи од Првата и Втората Светска војна. Експертите велат дека покрај експлозивите од  овие две војни, се очекува на дното на Охридското Езеро да има и остатоци на експлозивно огнено оружје, кое потекнува од времето на Турската империја.

Ohridnews