Католичката црква „Светите Бенедикт, Кирил и Методиј“ во Охрид денеска ќе биде осветена со пригодна верска свеченост.
Симболично, осветувањето на католичката црква се случува во време кога Охрид е домаќин на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.
На конференцијата учествуваат 280 претставници на речиси сите религии во светот, а меѓу учесниците има и високи претствници на Ватикан и на католичката заедница во земјава , кои ќе присуствуваат на осветувањето на католичката црква во Охрид
Г. Момироски