Центарот на заедницата од општина Струга утре и задутре со почеток во 13 часот во Конгресната сала на хотел „Дрим“ ќе организира Граѓански проектен форум.
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.
-Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат планираните проекти од акциски планови за образование, социјална заштита, млади како и плановите за соработка со граѓанските организации и од истите да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира општина Струга во периодот од 2015 до 2016 година, информираат од струшкат алокална самоуправа.
Граѓансите форуми во општина Струга ги организира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со финансиска поддршка на Фондацијата за отворено општество Македонија.
OhridNews