Со одлука на советот на општината, а поради потребата од определување граници на урбани заедници  на територијата на Општина Охрид, градоначалникот Петрески свикува  Собири на граѓани со цел да се донесат одлуки за основање на Урбани заедници. При тоа ќе се изврши и избор на Совети на урбаните заедници. Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред:

-На 16 декември 2010 г.(четврток) со почеток во 18. 30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница 8- „Билјанини извори“.Собирот ќе се одржи во просториите на сегашната Месна заедница. Истиот ден, со почеток во 19.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  15- „15-ти корпус“..Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.

-На 17 декември 2010 г.(петок) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  1- „Стар град“. Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид. Еден час подоцна,  во 19. 30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  4- „Воска“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.

-На 20 декември 2010 г.(понеделник) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  11- Видобишта“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид. Во 19.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  2- „Центар“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.

-На 21.12.2010 г.(вторник) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница 3- „Кошишта“.Собирот ќе се одржи во просториите на сегашната Месна заедница. Еден час подоцна, во 19.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница 6- „Даме Груев“.Собирот ќе се одржи во просториите на сегашната Месна заедница.

-На 22.12.2010 г.(среда) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  5- „Лескајца“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид. Со почеток во 19.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  10- „Горна Влашка Маала“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.

-На 23.12.2010 г.(четврток) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  16- „Рача“.Собирот ќе се одржи во просториите на сегашната Месна заедница. Со почеток во 19.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  7- „7-ми Ноември“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.

-На 24.12.2010 г.(петок) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  14- „Радојца Новичич“.Собирот ќе се одржи во просториите на сегашната Месна заедница. Во 19. 30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  9- „8-ми Септември“.Собирот ќе се одржи во просториите на сегашната Месна заедница.

-На 25.12.2010 г.(сабота) со почеток во 18.30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  13- „Железничка населба“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.  Во 19. 30 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница  12- „Гоце Делчев“.Собирот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.

OhridNews