Ви Станард од Велика Британија, која има 94 години, следниот месец ќе се омажи. Таа ќе стане сопруга на својот десет години помлад вереник, иако веќе неколку пати го одбила неговото запросување. Парот е во врска со години, но Ви не можела да склопи брак бидејќи официјално сеуште била венчана за претходниот сопруг.
Иако со него не живееле со години, не сакала да се разведува, па таа и Дерек Вокер живееле во вонбрачна заедница. Поранешниот сопруг умрел уште во 1997 година, а Ви и Дерек чекале повеќе од една деценија како би се венчале. Церемонијата била закажана за трети септември.