Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца по повод 71 годишнината од битката кај Српница, утре на 29 Април 2015 година, ќе положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во село Лешани и на споменикот на паднатите борци од НОБ на споменикот во Српница.

За значењето на овој настан пригодно обраќање ќе имаат претседателот на општинската организација Гоце Георгиески и Крсте Крстаноски учесник во НОАВМ.

Со намера да ги ослободат комуникациите за врска со армиската Е група германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против единиците на НОВ И ПОМ ја презедоа Пролетната офанзива што траеше од 24 април до 19 јуни 1944 година. Во рамките на ова офанзива при крајот на април Првата-Македонско-Косовска-Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебрца за да ја поврати слободната територија Дебарца и го ослободи сопствениот народ од невидениот террор. Се до 8 Мај Бригадата водела офанзивни борби, посебно кај селата Завој, Велмеј, Лешани , Брежани – во месноста Српница, Слатино, Оздолени, Цер, Арбиново, Лактиње  и други.

Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач на 29 Април 1944 година во месноста Српница животите ги положија 13 борци, кои со своите млади животи и пролеана крв се втемелија во создавањето на првата слободна македонска држава.

OhridNews