По повод 72 години од формирањето на батаљонот „ Мирче Ацев”- Првата единица на Македонската Народноослободителна војска и Денот на Армијата на РМ , општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините  Охрид и  Дебрца  организираат свечено одбележување што ќе се одржи на 18 август, вторник, на споменикот на Славеј Планина со почеток во 11 часот.

Во рамки на одбележувањето, пред споменикот ќе биде положено свежо цвеќе, а свое обраќање ќе имаат ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска, претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.

Пригодна свеченост ќе се одржи и во селото Годивје каде ќе биде положено свежо цвеќе на спомен- плочата на паднатите борци и ќе биде посетена спомен-собата од НОБ.

OhridNews