Во пресрет на 17-ти март 2015, големиот јубилеј, 70 години од оснoвањето на Црвениот крст на Република Македонија, утре претпладне охридскиот Црвен крст ќе организира отворен ден за сите пријатели, хуманисти, волонтери, поддржувачи на идејата на движењето на оваа хуманитарна организација.

Присутните, преку фотографии, видео материјал и разговор со волонтерите ќе имаат можност да се запознаат со организираното хуманитарно движење во Македонија од самите почетоци до денес, а за најмладите ќе биде прикажан анимиран филм за идејата на Црвениот крст.

Активности ќе продолжат со хуманитарен ракометен натпревар помеѓу ракометните ветеранки на Охридскиот ракомет од некогашниот РК „Отекс“ и младите ракометарки од РК „Мобидик“ Охрид, кој со почеток во 12 часот ќе се одржи во спортската сала Билјанини Извори во Охрид.

OhridNews