Утре, со почеток во 12 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „ Григор Прличев“ ќе се одбележат 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец Јосип Јурај Штросмаер.

За неговото дело ќе зборуваат директорката на охридската библиотека, Александра Белевска,  проф. Д- р Златко Крамариќ, Амбасадорот на Република Хрватска во Македонија, а модератор ќе биде м-р Разме Кумбароски – писател.

OhridNews