Кадарот во секторот култура во Охрид ќе биде обучуван на еднодневна работилница, што заеднички ја организираат Министерството за култура и културниот центар „Јавна соба“.

Целта на работилниците е вработените во културните институции да се обучат правилно да подготвува проект – план и правилно да пополнат апликација, што ќе овозможи полесна достапност до финансиски средства од светски и европски фондации, соопшти Министерството за култура.

Ohridnews