Белгискиот писател Николас Ансион си поставил саме себеси предизвик и на саемот на книгата кој се одржува во Брисел ќе се обиде на напише акционен роман во рок од 24 часа. Изјавил дека обично не сака да брза, но дека веќе подолго време мечтае да се затвори во некој простор и да пишува се додека делото не биде готово.
Рекол дека најважно му е книгата да има смисла, со оглед на околностите во кои ќе ја пишува. По саемот на книгата, неговото дело ќе биде изложено бесплатно на интернет. Се прославил со книгата „Човекот кој вредел 35 милијарди“.