Индиецот Фауја Синг (100) ќе се обиде да го собори рекордот и да стане најстариот маратонец кој ги истрчал сите 42 километри во најдолгата дисциплина. Фауја претходно оваа седмица поставил рекорд трчајќи ги сите осум спринтерски дисциплини. Претходно во 2003 година успеал да истрча маратон за 5 часа, 40 минути и една секунда.
Тогаш бил најбрз во категоријата натпреварувачи постари од 90 години. Со трчање почнал да се занимава кога имал 89 години откако ги изгубил сопругата и синот. Неговиот тренер и преведувач Хармандар Синг рекол дека Фауја преку трчањето пронашол нова цел во животот.