Предлог Одлуките за изменување и дополнување на Одлуката за усвојување на  Годишната  програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за  2015 година, за утврдување на границата на централното градско подрачје на град Охрид, за донесување детален урбанистички план за дел од „Чекоштина“ , како и предлог одлуката за донесување урбанистички план вон населено место за дел од туристички комплекс – локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, се точките на дневен ред предвидени на 37- та седница на советот закажана на 13- ти март, петок, со почеток во 11.30 часот.

Советниците ќе расправаат и за извештаите од работењето на основните, средните училишта и градинки во општината, како и на секторите и одделенијата при локалната самоуправа.

OhridNews