Програмата на годинешното издание на фестивалот Охридско лето ќе биде објавена во понеделник, од страна на управата на фестивалот.   

Освен најавата за годинешната фестивалска програма, на конференцијата за печат, директорката Елизабета Јанкуловска и селекторите на музичкиот и драмскиот дел, Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорги Јолевски, ќе ги промовираат и новините кои ќе бидат дел од годинешното издание на оваа реномирана сценско-музичка манифестација.

Исто така ќе биде поделена и комплетната уметничка програма, зедно со цените на влезните билети, со што фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните уметници и реномираните театарски куќи.

OhridNews