Проектот кој ќе започне да се реализира на почетокот на следната година ќе овозможи континуирана медицинска едукација на сите здравствени работници кои работат во патронажната здравствена служба, здравствените центри за вакцинација и породилиштата. Проектот ќе опфати и опремување на сите породилишта во земјата.
Со грантот ќе се набават и 75 теренски возила за патронажните сестри, со што ќе се овозможи подобар пристап за здравствената заштита посебно во руралните средини, а ќе се обнови и опремата за чување и транспорт на вакцините во сите служби за имунизација. Ќе се воспостави интегриран информатички систем во породилиштата, патронажните центри и центрите за вакцинација.