Откако првиот Јавен оглас беше неуспешен, Охридската локална самоуправа деновиве објави и втор Јавен оглас за Набавка на консултантска куќа за изработка на Студија односно План за заштита на старото градско јадро во рамките на проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старо градско јадро на Охрид”.
Проценетата вредност на оваа набавка е над 6 илјади евра или точно 397.144,07 денари. Понудите за овој Јавен оглас треба да се достават заклучно со 18-ти август 2015 година до 13 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на истите.
Проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“ е финансиран од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Освен планот за интегрирана заштита, како финален производ од самиот проект ќе биде изработена и Методологија за маркетинг стратегија за достигнување на одржливост на градското јадро.
OhridNews