Општина Охрид преку Електронскиот систем за јавни набавки вчера објави Јавен оглас за изработка на Физибилити студија за оправданост на доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на малото пристаниште и поддршка во текот на водењето на постапката за ЈПП. Проценетата вредност на оваа набавка е околу 4 илјади евра или точно 254.238 денари.
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската понудена цена, а при доделување на договорот ќе се користи електронска аукција. Понудите за овој Јавен оглас треба да се достават заклучно со 8-ми јуни 2015 година до 13 часот.
Во текот на вчерашниот ден Охридската локална самоуправа објави и Јавен оглас за Набавка на консултантска куќа за изработка на Студија односно План за заштита на старото градско јадро во рамките на проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старо градско јадро на Охрид”. Проценетата вредност на оваа набавка е над 6 илјади евра или точно 397.144,07 денари.
Понудите за овој Јавен оглас треба да се достават заклучно со 12-ти јуни 2015 година до 15 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на истите.
OhridNews