Предлог Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 година е една точките на дневен ред за кои ќе расправаат охридските советници во рамки на 37-та седница на Советот на општина Охрид која ќе се одржи денеска.
Пред советниците ќе се најдат и Предлог одлуките за утврдување на границата на централното градско подрачје на град Охрид, за донесување детален урбанистички план за дел од „Чекоштина“, како и за Предлог одлуката за донесување урбанистички план вон населено место за дел од туристички комплекс – локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол.
Во рамки на седницата ќе треба да се узвојат и Извештаите од работењето на училиштата и градинките во општината, како и на секторите и одделенијата при локалната самоуправа.
OhridNews