Врз основа на Законот за локална самоуправа, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедницина на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, градоначалникот на општина Охрид свикува собир на граѓани. На Собирите ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници.
Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред:
На ден 2- ри март, понеделник, со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -1 Стар Град. На 3- ти март, вторник, со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница – 4 Воска. На ден 04.03. 2015 година ( Среда) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница – 9, 8 Септември. На ден 05.03.2015 година ( Четврток) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница – 15, 15 Корпус.
Собирите ќе се одржат во зградата на општина Охрид сала 1.
OhridNews