По неколку неделните превирања во општинската организација на НСДП кои завршија со распуштање на извршниот одбор на огранокот во Охрид и со преминување на негови членови во ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ќе се одржи ново изборно собрание на ОО НСДП Охрид.
Се очекува вечерва да биде избран нов извршен одбор на партијата како и да биде избран и нов претседател на огранокот на општинската организација. Според најавите тоа ќе биде Ацо Попоски инаку поранешен член на СДСМ и кандидат за градоначалник на внатрепартиските избори во 2005 година.
На изборната конвенција што ќе се одржи во хотел Ривиера во 18 часот се очекува да присуствува комплетниот партиски врв предводен од лидерот Тито Петкоски.