Женскиот центар БИСЕРА објави КОНКУРС за најубаво уреден двор и дворно место на колективна стамбена зграда во Охрид. На конкусот можат да се јават сите заинтересирани кои сакаат да го презентираат своето достигнување на полето на хортикултурата. Пријавувањето се врши на телефон 046 264  469 или во просториите на улица „Димитар Влахов“ бр.8 секој ден од понеделник до петок во 10 до 13 часот. Изборот на најуреден двор во Охрид ќе се изврши на 5 Јуни по повод
денот на екологијата.

Оваа манифестација има  голем придонес  за градот и заслужува повеќе внимание и подршка од локалната власт, сметаат од БИСЕРА. Целта на манифестацијата е да се награди трудот на оние кои со љубов го разубавуваат својот двор но и да ги поттикнат сите останати и на тој начин да придонесат за разубавување на градот.

Женскиот центар „БИСЕРА“кој секоја година избира најубаво уреден двор и најубаво уредено дворно место на колективна стамбена зграда информира дека оваа година изборот ќе се врши од кандидатите што сами ќе се пријават.

ohridnews