По повод Денот на екологијата, 6- ти јуни, Женски центар „ Бисера“ објавува награден конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.
– Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град во пресрет на туристичката сезона, велат од „ Бисера“.
Конкурсот трае од денес, 19- мај до 1- ви јуни. Заинтересираните своето учество може да го пријават на телефонскиот број 046/264469 или од 10 до 13 часот секој работен ден во канцеларијата на ЖЦ „ Бисера“.
OhridNews