Екипата на „ Bottom Time “ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „ Златоврв“ од Прилеп организираат спелеолошки камп на Галичица кој ќе се одржува во периодот меѓу 4 и 9 август.

Кампот ќе има главно истражувачка цел, почнувајќи од потврдување на досегашните сознанија за пештерите, преку истражување на нови канали во познатите пештери, до лоцирање и истражување на нови пештери на Галичица.

Активностите ќе се одвиваат претежно на западната падина на планината, како и на платото на Галичица. Базниот камп ќе биде на брегот на Охридското езеро, во околината на кампот Љубаништа.

OhridNews