Во наредните три месеци ќе се спроведува национално истражување за навиките на исхрана меѓу населението со кое треба да се утврди степенот на раст и развој кај децата до пет години и жените од 15 до 49 години.

– Целта е да се процени степенот на анемија кај децата до петгодишна возраст, на жените во репродуктивниот период, од 15 до 49 години, и на трудниците, како и нутритивниот статус кај овие популациски групи. Воедно ќе се создадат и предуслови за збогатување на брашното во земјата како еден од основните прехранбени продукти.“, рече Министерот за здравство Бујар Османи.

Истражувањето ќе опфати 9000 семејства кои ќе ги посетат во нивните домови, лекарски тимови составени од еден доктор и еден лаборант. Лекарските екипи покрај земањето на потребните примероци крв за анализа, на семејствата ќе им даваат и бесплатни совети.

Последните податоци од пред десет години, со кои располага Институтот за јавно здравство, покажуваат дека анемијата кај децата до петгодишна возраст изнесува 26 отсто.

Овој проект кој ќе го спроведат Министерството за здравство , ИЈЗ и центрите за јавно здравје е поддржан и од УНИЦЕФ.

Ohridnews