Експертски тимови од Германија заедно со стручни лица од охридскиот Хидробиолошки завод ќе вршат испитувањата на дното на езерото. 

Ќе се земаат примероци од дното на голема длабочина и од неколку локации од македонската и албанската страна на езерото.


Основната цел на проектот е да се утврди староста на езерото, за кое постојат претпоставки дека е старо од 3 до 5 милиони години, но според стручните лица тоа датира од многу поодамна.

При тоа, ќе се вршат испитувања и на флората и фауната, особено ендемските видови кои во голем број опстојуваат во Охридското езеро.

Ohridnews