Во наредниот период максимално ќе се засилат градежните активности на автопатот Мајка Тереза од Кичево до Охрид и Гоце Делчев од Скопје до Штип, информираа денес од заедничката средба министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и амбасадорот на Кина во Македонија, Вен Џеншун.

И двете страни изразија недвосмислена поддршка за реализација на овие два најзначајни инфраструктурни проекти во Република Македонија.

На средбата, министерот Владо Мисајловски ја изрази својата благодарност за поддршката која Владата на Народна Република Кина ја дава на Владата на Република Македонија во поглед кон зацврстување на билатералните односи со фокус на економските односи кои се од стратешки интерес за прогресот на македонската економиија.