Општина Дебрца преку Електронскиот систем за јавни набавки деновиве објави Јавен оглас за Изградба на армирано бетонски потпорен ѕид во црквата „Св. Недела“ во село Оровник. Проценетата вредност на оваа набавка е околу 22 илјади евра или точно 1.351.550 денари.

Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската понудена цена, а при доделување на договорот ќе се користи електронска аукција.

Понудите за овој Јавен оглас треба да се достават заклучно со 17-ти јуни 2015 година до 10 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на понудите.

OhridNews