Воспоставување на меѓусебна соработка, координирање, унапредување на туризмот и поквалитетна туристичка услуга се главните цели за формирањето на „Туристички сојуз на Охрид“.
Иницијатива за формирање на ова здружение од областа на туризмот и угостителството е веќе започната и основачите ги повикуваат сите заинтересирани туристички работници; сопственици на хотели, вили, апартманско сместување, приватно сместување, туристички агенции, ресторани, клубови; туристички водичи; таксисти; бродари; превозници; културни институции; кластери за туризам, и здруженија да се приклучат кон него.
За подетални информации, заинтересираните можат да се обратат во просториите на туристичката агенција „Венус Травел“ на булевар „Туристичка“ бр. 50 во Скалестата зграда, во периодот од 13-ти до 16-ти мај од 11 до 16 часот или на емаил: [email protected].
OhridNews